Марија за „Блиц“ проговорила за претстојниот концерт кој ќе го одржи во родниот Крагуевац, а го спомна и синот Марио.
– Ова е мојот прв голем концерт во Крагуевац по 20 години, не знам што ќе биде посебно, но сакам да верувам дека кога ќе видам луѓето од мојот роден град ќе се случи посебна емоција. Сакам да кажам дека сите ученици во четврта година од Гимназијата добија билети како подарок од мене. Верица нема да пее со мене, таа е во пензија, нема потреба. Нејзиниот живот доби нова смисла. Музиката не и недостига, нашата куќа пее 24 часа на ден – изјави Марија, која потоа откри како малиот Марио реагира на музиката.
– Марио фантастично реагира на музиката. Музика го смирува, кога ќе се пушти некоја моја песна се смирува и заспива без проблем.
– Добро се снаоѓам во улогата на мајка, срцето ми се топи, можете да ми правите што сакате, но би рекла дека тоа е сосема нова димензија на животот. Да не живеевме во лудо општество, ќе ви го покажував секој ден, тој се смее 24 часа на ден, седум дена во неделата – изјави Марија.
Извор: blic.rs


