Марија Шерифовиќ објави фотографија со синот

Музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка. Пејачката со години посакувала да го држи своето дете во раце и сонот конечно ѝ се оствари, а нејзиниот син се родил во клиника во Лос Анџелес.

Шерифовиќ не крие дека родителството ја променило, а секој слободен момент гледа да го искористи со своето дете.

На нејзиниот профил на Инстаграм, таа често споделува моменти со момчето чие лице го крие од јавноста.

Најновата фотографија е направена во лифт, на неа Марија во раце го држи Марио, облечен во боди и си игра со привезок. Во коментарите многумина забележаа дека за разлика од Марија, која е со црна коса, малиот има плава коса.

„Многу брзаме“, напиша Марија во описот на фотографијата.

Најчитани вести