Мажот кој денеска во живо го пренесуваше убиството на неговата сопруга, си го одзеде живот

Нермин Сулејмановиќ, убиецoт од Градачац, кој денеска си ја застрела сопругата и убиството го пренесуваше во живо на Инстаграм, си го одзедел животот, објави босанскиот „Аваз“. Тој се самоубил пред очите на полицајците.

Сулејмановиќ денеска покрај себеси и неговата сопруга, убил уште две лица.

Сулејмановиќ денеска објави вознемирувачко видео во кое се гледа како ја застрела сопругата со пиштол, крв има насекаде и се гледа бебе кое лежи на плочките.

– Овде во живо можете да видите како изгледа убиство – вели убиецот.
Откако го извршил сето ова, тој уште неколку пати се огласи на социјалните мрежи.
„Го убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца непријатели. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо“, вели тој во видеото што повторно го објави во живо.
Потоа објави и фотографија со сопругата и дететот.

Локалите медиуми пишуваат дека бил член на нарко-бандата на Емир Коџаг.

Најчитани вести