Медиуми: Шредер во Москва на средба со Путин

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, наводно, отпатувал во Москва во мисија за да помогне во посредувањето во конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесе ДПА.

Интернет страницата Политико, цитирајќи „извори запознаени со ова прашање“, објави дека Шредер, кој се смета за пријател на претседателот Владимир Путин, е во Москва за да се сретне со рускиот лидер, цитирајќи „извори запознаени со ова прашање“.

Владини извори во Берлин за ДПА изјавија дека германската Влада нема сознанија за посетата.

Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, пред една недела предложи Шредер да посредува меѓу Украина и Русија, опишувајќи го за таблоидот „Билд“ како „еден од ретките луѓе во Германија кој можеби сè уште има директна комуникација со Путин“.

Германските правосудни власти денеска соопштија дека Шредер ќе се соочи со судење поради неговите блиски врски со руската Влада.

Обвинителството во Хановер потврди дека поднело барање до федералниот обвинител во Карлсруе, каде се наоѓа германскиот Уставен суд, да ја истражи жалбата против неколку лица, меѓу кои и Шредер.

Карлсруе ќе треба да одлучи дали ќе почне истрага за обвиненија поврзани со човекови права. Жалбата се однесува на наводни „злосторства против човештвото“.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести