Оние кои се плашат од висина дефинитивно нема да го испробаат новиот тобоган Мег-а-Бластер кој се гради во Канзас Сити.
Огромниот тобоган ќе биде висок 31,6 метри кога ќе биде завршен во пролетта идната година.
Храбрите посетители на него ќе се возат со брзина до 80 километри на час и потоа ќе влегуваат во голем базен.
Најголемиот тобоган е во Бразил. Висок е 40,9 метри, а оние кои се спуштаат достигнуваат брзина од 100 километри на час.


