Принцот Хари и Меган Маркл утрово слетаа во Нигерија за да ја започнат тридневната посета на земјата, каде што ќе се сретнат со ранетите војници и ќе ги посетат локалните добротворни организации.
Овде, Меган и Хари го започнаа дводневниот самит за ментално здравје организиран од Фондацијата GEANCO, која ги поддржува девојките и младите жени низ целата земја со производи за менструално здравје и образование.
„Почестени сме што сме тука со вас. Мораме да ги поздравиме овие неверојатни танцови движења! Мојот сопруг беше возбуден да ви се придружи“, рече Меган.

Хари потоа се вклучи во разговорот, прашувајќи ги децата за нивното знаење за менталното здравје и потсетувајќи ги да се грижат за себе и едни за други, пишува zena.blic.rs.
„Ќе ни ветите ли дека после денешниот ден повеќе нема да се плашите, нема да бидете веќе несигурни за вашето ментално здравје. Ако не сте сигурни, тогаш прашајте. Прашајте ги наставниците. Прашајте ги пријателите. Бидете тука едни за други“, рече тој и додаде:
„Ако видите дека вашиот пријател во одделението дека не се смее, што ќе направите? Дали ќе проверите со него? Дали ќе го прашате дали се е во ред?“
Кога заминуваа, парот доби традиционална дрвена маска и комплет книги за нигериското наследство.
Принцот Хари и Меган беа поканети во Нигерија од началникот на Генералштабот, Кристофер Муса, највисокиот воен функционер на земјата.
Тој рече дека војвотката сакала да го придружува нејзиниот сопруг на патувањето „како дел од нејзиното потекло и наследство“. Меган откри во 2022 година дека открила дека е 43% Нигеријка врз основа на генеалошки тест.
Меган на првиот ден од посетата носеше долг фустан на Хајди Мерик „Виндзор“ вреден нешто повеќе од 500 евра. Таа понесе и златен накит, а и двајцата носеа дрвени ѓердани во духот на Африка.


