Хокеарите на Металург постигнаа три победи во првите три кола од Државното првенство на Македонија во хокеј во организација на СЦ „Борис Трајковски“ и Хокеј федерацијата на Македонија.
Постигнати резултати на натпреварите што се играа викендов на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје:
1.коло: Вардар – Металург 5:11, Фаворит – Ред Стар 8:4.
2.коло: Вардар – Ред Стар 0:17, Фаворит – Металург 5:12.
3.коло: Фаворит – Вардар 6:12, Металург – Ред Стар 5:2.
Табела:
1. Металург 9 бодови 2. Ред Стар 3 3. Фаворит Кико 3 4. Вардар 3.
Следните натпревари (4,5 и 6.коло) се закажани за 28 февруари, 1 и 2 март.
]]>


