Мицкоски бега од прашањата за средби со Љупчо Палевски

Веднаш по лидерска средба во Собранието на 4 декември, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе на прес конференција, но избегна да одговори на прашањата околу негови средби со Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Повод за овие прашања беше неговото изразување сочувство со родителите на убиената Вања Ѓорчевска, за која првообвинет е Љупчо Палвески.

„Да се задржиме на темата“ и „Убав ден да имате“ беа единствените коментари на Мицкоски на инсистирањето да одговори дали се среќавал со Палевски и за што разговарале. Во јавноста остана да „висат“ овие прашања без одговори, но започнаа да се појавуваат информации кои наведуваат дека Мицкоски сепак имал блиски средби со Палевски.

Порталот Инфомакс објави дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски – Палчо.

Порталот тврди дека „за средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало“.

Прочитајте го целиот текст на Рацин.мк

Најчитани вести