Снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата е стабилно и нема да има прекин, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тврди дека нема да дозволи влошување на состојбата и ќе реагираат на секое покачување на цената на нафтените деривати, информира 24ТВ.
Светот влезе во период на нови конфликти и геополитички турбуленции. Пазарите на енергија се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу земји е на тест. Во вакви времиња, државите мора да бидат внимателни, сериозни и одговорни, вели премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочува дека како Влада прават анализи и преземаат чекори и нема да дозволат работите сериозно да се влошат. Мојата цел вели Мицкоски, е да имаме најефтини бензини во регионот.
-Како Влада сме посветени на две прашања. Првото – анализи и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најефтини бензини во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Но ќе се борам моите нашите граѓни да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија, рече Мицкоски.


