Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот.
„ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар 1,39 евро центи, да речеме во соседна Албанија е 1,79 евро центи литар, односно околу триесетина проценти поскапо е. И логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е, да речеме, 1,73 евро центи, што е отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово варира цената, но достигнува до 1,52-53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција е 1,59 евро центи, односно кошта отприлика 10%, а во Грција е 15%. Во Бугарија е 1,41. Така што, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот, 95-октани, 98-октани.


