Милан Станковиќ неодамна реши полека да и се врати на музичката кариера.
Пејачот Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена на врвот на својата популарност, бидејќи имал желба да се замонаши и своето време да го посвети на Бога и на црквата. Бидејќи тоа не му успеа, Милан реши да се врати таму каде што застана и да се сврти кон кариерата, пишува српски Информер.
Многумина негови обожаватели беа воодушевени од неговото враќање во поп музиката, а сега пејачот реши да направи уште една голема промена.
Милан Станковиќ наводно издава нов албум за помалку од еден месец и тој ќе биде нешто сосема поразлично од сето она што досега го има направено.
Да потсетиме, Милан Станковиќ пред само една година сакаше да стане послушник во манастирот Подмајине во Црна Гора, но за жал беше одбиен. Монахот од споменатиот манастир објасни зошто е донесена ваквата одлука, која очигледно била пресудна пејачот да се врати во кариерата.
-Братот Милан летово не беше во манастирот, беше на големиот велигденски пост. Иако имал, и има желба да оди по монашкиот пат, ставот на игуменот и браќата е дека се уште е рано официјално да биде додаден овде, т.е. на нашето братство.
– Мора да помине повеќе време. Милан мора да научи уште повеќе да се подобрува во трпението и молитвата. Тоа е за негово духовно добро – рекол тогаш монахот од споменатиот манастир.


