Милер стана првиот играч на Баерн кој постигнал гол 15 сезони во Бундеслигата

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер стана првиот играч што постигна во 15 сезони во Бундеслигата.

Триесет и четиригодишниот Германец се запиша во листата на стрелците вчера против Дармштат (8:0) во натпреварот на 9. коло на Германското фудбалско првенство.

Милер ги надмина достигнувањата на Герд Милер, Клаус Аугнталер и Мехмет Шул, кои реализираа 14 сезони на Бундеслигата.

За Милер, ова беше прв гол во тековната сезона, има и пет асистенции на 10 натпревари.

МИА

Најчитани вести