Милијардерот го фатил вработениот како спие на работа и еве што направил

Основачот на групацијата „Вирџин“, Ричард Бренсон, фатил на дело еден свој вработен како спие на работното место, па решил да му остави спомен.

Доволно е лошо кога вашиот шеф ќе ве фати на спиење, но има и нешто полошо, а тоа е да ве фотографира во таква положба.

Според објавата на блогот на „Вирџин Австралија’, Бренсон го направил токму тоа.

– Влегов во канеларијата на аеродромот и го затекнав вработениот како спие – изјавил Бренсон.

Според неговите зборови вработениот бил во толку голем шок што кога се разбудил мислел дека се уште сонува.

Најчитани вести