Мимоза Конеска: Животот е патување, патувањето е живот, спомените немаат цена

„Горда сум на мојата позиција и на мојот постигнат успех. По 18 години со Војажер, можам слободно да кажам дека сме рамо до рамо со многу странски туроператори. Успехот не познава пол, туку само вредна работа и многу труд“, вели во ексклузивно интервју за Магазинот за туризам и менаџмент сопственичката и основач на туристичката агенција Војажер. Мимоза Конеска по професија е дипломиран правник, но со голема храброст и ентузијазам влегла во светот на туристичкиот бизнис. Таа ги владее светот и егзотичните дестинации, особено Дубаи – градот што не спие и кој е едноставно посебен по тоа како пулсира и зрачи. На Светскиот ден на туризмот, Војажер ја објави и соработката со Универзитетот за услужни дејности од Дубаи, кој е рангиран на прво место на Блискиот Исток и на тринаесеттото место во светот. Универзитетот дава неограничени можности за студентите и за вљубениците во туризмот во земјата рангирана како најдобра во областа на услужната дејност.

Спомен куќата на Блаже Конески ќе се најде на туристичката мапа на Македонија. Иницијатор на овој голем потег е токму туристичката агенција Војажер. Конеска, во Небрегово потпишавте и декларација за поставување на куќата на Конески на картата за посета на учениците и на туристите од Македонија и од регионот. Од каде дојде идејата и каков е планот за реализација?

Манифестација „Зборот на Конески“ за промоција на македонскиот јазик и на ликот и делото на великанот Блаже Конески има цел да се постави Спомен-домот на Конески на мапата како место за редовна посета за време на ученичките и на студентските екскурзии, но и како место за организација на различни литературни и поетски манифестации, а и за посета на странски туристи. Заложбата е да се поттикнат новите генерации да имаат активен однос и да ги афирмираат ликот и делото на Блаже Конески, како и да се постави неговиот дом како значаен споменик на културата.

Да не се заборави,  Конески ја изработил граматиката на современиот македонски јазик, го составил правописот на македонскиот литературен јазик и бил основач на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет. 

Спомен-домот ќе се постави и како место за посета при организација на кружни балкански и историски тури низ Македонија. Со тоа, не само што ќе се промовира овој споменик на културата туку и Прилепскиот Регион, кој треба да се постави на мапата на региони за посета при организација на тури како регион кој е ненамерно запоставен и недоволно познат и посетен. Со таа цел е потпишана Декларацијата во рамките на оваа манифестација, која е официјален документ доставен до сите релевантни институции.

Потпишување декларација за поставување на куќата на Конески на картата за посета на учениците и на туристите од Македонија и од регионот.

Потпишување декларација за поставување на куќата на Конески на картата за посета на учениците и на туристите од Македонија и од регионот.

Конеска со својот татко, Атанас Конески, во куќата на нејзиниот дедо, Блаже Конески, и со нашата позната водителка, Лила Филиповска.

Конеска со својот татко, Атанас Конески, во куќата на нејзиниот дедо, Блаже Конески, и со нашата позната водителка, Лила Филиповска.

Колку туристичките агенции и експертите во оваа област треба да иницираат вакви новини за да го види светот најубавото од Македонија?

Туризмот и нашата понуда може да растат онолку колку што растеме и се вложуваме ние. Содржината на туристичката понуда ја креираме ние и заради тоа е потребна иницијатива во секој можен сегмент. Како би стигнале туристите до понудата ако не ја креираме, ако не се направат добар маркетинг и стратегија. Можностите се тука, само треба да ги видиме и да ги понудиме. Македонија е навистина величествена земја во секој поглед: природни убавини, храна, историја, големи и силни личности, наше е само да го понудиме.

Секоја инцијативата треба да има стратегија и на крај, помош од сите сектори кои имаат допирна точка, само тогаш успехот е загарантиран.

Целото интервју со Мимоза Конеска може да го прочитате на следниот ЛИНК

Извор: magazinturizam.mk

Најчитани вести