Фудбалерите на Монако остварија минимална победа од 1:0 на последниот дуел од 17. коло одигран синоќа од францускиот шампионат.
Со овој триумф се искачија на второто место на табелата, по поразот на Лил од Бордо. Стрелец на единствениот гол на натпреварот против Ајачио во 75. минута беше Емануел Ривиер.
Гостите од 62. минута играа со играч помалку откако Жан – Баптист Пиераци беше исклучен поради втор жолт картон. Ајачио со 9 бодови останаа на претпоследното место на табелата.
Резултати на натпреварите од 17. коло: Бастија – Олимпик Лион 1:3, Тулуз – Монпеље 1:1, Бордо – Лил 1:0, Лориен – Рен 2:0, Ремс – Ница 1:0, Валенсиен – Генгамп 1:1, ПСЖ – Сошо 5:0 и Олимпик Марсеј – Нант 0:1.
Табела: ПСЖ 40 бодови, Монако 38, Лил 36, Нант 29, Олимпик Марсеј 27, Бордо 27,


