Министерот за надворешни работи задоволен од работата на разголената советничка

Иван Мркиќ, министерот за надворешни работи, писмено одговори на весникот „Блиц“, при што ги избегнал одговорите за „квалитетите“ на Вања Хаџовиќ (23), советничка во Министерството, запишана на Дипломатската академија од прва, и покрај големата конкуренција и ограничениот број на места, како и фактот како таа била примена на работа во Министерството.

Јавноста во Србија ќе остане и без решение на мистеријата: како Хаџовиќ поминала преку безбедносната проверка на Министерството за надворешни работи, со оглед на многуте несовесни и провокативни слики кои ги поставувала на социјалните мрежи и им ги праќала речиси на сите списанија за мажи во регионот?

golamine

По неколку дена од скандалозните вести за неа, министерот Мркиќ во својот одговор пишува дека сè било легално.

„Именуваната Вања Хаџовиќ работи како административен службеник во рамките на својата професија. Ротации и запознавање на различни организациони единици на министерството е вообичаена практика за сите нови вработени во министерството и тоа не значи дека сите се подготвени да бидат вработени во некои од дипломатските и конзуларните канцеларии. Истакнуваме дека со завршувањето на основната обука на Дипломатската академија не се стекнува автоматски и статус на дипломат“, одговорил министерот Мркиќ. .

Кога станува збор за провокативните фотографии објавени на социјалните мрежи, министерот им нагласил на медиумите дека „присуството на социјалните мрежи е право на секој поединец“.

mrkikj

Сите вработени во Министерството се должни на овие мрежи да го следат кодексот на однесување за вработените, како што е случајот и со посочената, која ги затвори своите профили на овие мрежи“, вели Мркиќ, додавајќи дека таа „според проценката на своите  претпоставени совесно ги извршува своите службени должности“.

Вања Хаџовиќ на Дипломатската академија тргнала во септември, а на предавања тргнала пред две недели. Иако била примена од прва „Блиц“ дознава дека запишувањето не поминало глатко.

– Таа, всушност паднала на приемен, но подоцна ја повикал претседателот на Комисијата и ја информирал дека е примена – вели добро информираниот „Блиц“ .

Исто така сомнителни се и членовите на Комисијата кои гласале таа да биде примена, а се поранешни или сегашни соработници на Министерот Мркиќ.

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести