Жалам што денес колегите од мнозинството го отфрлија Законот за подршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и нивните семејства. Дури не го ни отфрлија, затоа што не гласаа никако. Едноставно покажаа дека за нив проблемот не постои веќе, напиша на ФБ пратеничката Соња Мираковска.
За една работа се согласивме сите во време на несреќата а тоа е дека системот е нефункционален и мораме час поскоро да почнеме да го поправаме.Тоа не се празни зборови кажани во жалост. Тоа е обврска пред се за нас народните избраници да направиме се системот да го ставиме во функција на граѓаните преку законски решенија.
Како мала земја доживеавме катастрофална несреќа која не измести од место. Многу млади луѓе ни загинаа, огромен број ни се повредени, еден град ни е на колена.
За одговор на барањата на настраданите и нивните семејства потребен е посебен закон кој брзо и соодветно ќе им помогне пред се на повредите млади луѓе да го продолжат животот. Затоа сме должни брзо да им обезбедиме финансиска подршка како на нив така и на семејствата на починатите. Да им овозможиме да го продолжат лекувањето во земјата и странство, лекови, рехабилитација, помагала на оние на кои им се неопходни, психолошки и психијатриски третмани,социјална и трудова подршка. Должни сме на тие млади луѓе да им обезбедиме дополнителни услови за да не застанат во образовниот процес .
Да го олесниме барем малку битисување во Кочани!
Фејсбук статус на Соња Мираковска


