Мишел Обама се појави како помошник водителка во шоуто на Елен Деџенерис во вторникот и откри некои детали за првото семејство на Америка додека се подготвуваат да ја напуштат Белата куќа. Покрај тоа што демонстрираше некои импресивни танцови движења и изгледаше сензационално како и секогаш, носејќи во елегантен фустан, првата дама се осврна на тоа како нејзините ќерки ќе се носат со пресвртот во животот.
Зборувајќи за нејзините две тинејџерки Малија (18) и Саша (15), таа изјави дека најмногу ќе им недостасуваат луѓето кога станува збор за напуштањето на домот и сигурна е дека ќе им биде тешко.
„Размислете, овие девојки израснаа во Белата куќа. Вработените кои се таму ги гледаме секој ден. Тоа се луѓето кои ни помогнаа да ги одгледаме нашите деца. Нѐ сакаа, се грижеа за нас. Штом заминеме, тоа е тоа. Сигурна сум дека ќе им биде тешко. Тие мислат дека се подготвени, но кога си израснал некаде… Замислете, нема да можат да тропнат на врата и да прашаат, „Може да ја видам мојата соба?“. Тоа нема да се случи.“
Мишел додаде дека е горда на нејзините ќерки што толку добро се справуваат со ситуацијата. „Ги сакам до смрт, а отсекогаш бев најмногу загрижена за тоа да се осигурам да излезат од ова цели“, додаде таа. „Горда сум што пораснаа во достоинствени, паметни, интелигентни жени“, заклучи Мишел.
Згодниот Бредли Купер сврати во емисијата за да им помогне на Елен и Мишел да го овековечат овој посебен ден со селфи, а кој знае да го направи тоа подобро од него со оглед на неговото претходно искуство кога направи легендарна групна фотографија со повеќе ѕвезди за време на оскаровското шоу кое го водеше Деџенерис, чие објавување го сруши Твитер на кратко како резултат на огромната популарност.
За да ја подготви првата дама за животот после Белата куќа, Елен ја однесе Мишел во шопинг.
Мишел и нејзиното семејство престојуваат во најпознатата американска резиденција осум години, по изборот на нејзиниот сопруг Барак Обама за претседател на САД во 2008 година. Тие ќе се иселат од Белата куќа откако ќе биде избран новиот претседател на изборите кои ќе се одржат на 8 ноевмри 2016 година.
Извор:queer.mk


