Мисијата на Катица!

Петар Луковиќ би го почнал овој текст со:
Дир Катица!
Јас нема да го почнам така, јас ќе речам вака:
Мисијата на Груевски беше да ја демонтира Македонија, твојата мисија е да го демонтираш скелето на злото што ја држи неговата нула исправена!
Ние не знаеме дали на оваа важна функција доаѓаш како резултат на политичкиот договор на македонскиот бандитериум или како резултат на надворешниот притисок врз тој бандитериум. Исто така, не знаеме дали идејата на притисокот е решавање на таканаречената политичка криза или подлабоко чистење на причините за македонската драма. Околностите во кои е постигнат договорот за тебе, тоа пазарење на основните генератори на македонското разнебитување, вклучувајки тука и некои аспекти на досегашниот ангажман на меѓународната заедница, им даваат сериозна основа на сомневањата дека ти си инсталација на феноменот против кој ќе треба да се бориш! Но,како и да е, ти имаш непофторлива можност да направиш епохален гест, да му го зариеш колецот на правдата и на моралноста во срцето на Злото ( и најтешките ограничувања можат да се совладаат со моќта на идејата и на правдата односно со идејата на правдата), а ако некој, сепак, несовладливо те попречува во таа идеја, да му го фрлиш мандатот и да го отераш у пизду материну. Во првиот случај ќе ја демонтираме Триумфекалната порта и дупката, значи местото на непостоечките триумфи на нацијата ќе го пополниме со симболичен приказ на твоето дело, а во вториот случај празнината ќе остане, но лакот ќе го крстиме по тебе, “Лакот на Катица” ќе го викаме или така некако!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести