Митко Бојмацалиев: 20.000 причини за крај

Другари од ВМРО-ДПМНЕ и јас сум МАКЕДОНЕЦ не МАКЕДОНЧЕ ама јас сакам да се дознае кој, што и колку украл од Македонија! Конечно да ја подвлечеме линијата, линијата која не дели изминативе 9 години, прво беше патриоти и предавцици сега македончиња и македонци.

Сега знам ќе кажете, а кога беше СДСМ на власт порано, да не беше поарно, па беше вака, беше онака, ама ја колку што сеќавам никој тогаш не протестираше против објавување на криминал, никој не правеше здруженија за да ги брани криминалците кои ја уништија демократијата и слободата. Имаше или немаше такви тогаш ?

А вие повозрасните што го формиравте тоа здружение за спас на Македонија што ќе им кажете на вашите внуци… еее внучко знаеш јас на времето протестирав против објавување на докази како се краде во државата, како се местат избори. Но, доколку добиете внуци и доколку останат да живеат тука во ваква сиромаштија ?

Другари од ВМРО-ДПМНЕ нели ве фати барем малку жал кога ги слушате разговорите помеѓу родителите и нивните деца кога им објаснуваат дека не се во можност да им обезбедат нешто кое е основно, нешто кое секој нормален би требало да го има.Знаете ли дека во Македонија луѓето немаат основни средства за живот, и тоа ги кине, и тера да бегаат од тука, заедно цели фамилии. Не ли ви се појави тронка сочувство, не ли ве обзема жал ?

Јас искрено мислам дека не ве обзема, и дури око не ви трепнува бидејќи од ден во ден е се полошо во Македонија а вие тоа не го гледате илине сакате да го видите, деца умираат бидејќи државата не сака да даде 30 илјади евра за лечење…А сите го плаќаме тој фамозен здравствен фонд.

Но гордост на Македонија се младите, тие го дигнаа гласот против ВМРО-ДПМНЕ и не потклекнаа на пазарења туку останаа на својот став, е тоа е МАКЕДОНЕЦ, нив не им успееја да ги поткупат или купат бидејќи тие знаат дека се работи за нивната иднина а таа нема цена.

Сакам да пратам порака до вас повозрасните – бидете на страната на правдата, не дозволувајте да манипулираат со вас, не ги прикривајте нивните криминали и ајде заедно да се бориме да се дознае кој, и што и украл на Македонија. Ајде да се избориме за вистината за Македонија бидејќи ние младите сакаме тука да останеме тука да создадеме фамилија тука да растат нашите деца. Македонија е се што имаме, и затоа ќе си ја зачуваме.

Пишува: Митко Бојмацалиев

Извор: Плоштад

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести