Мицкоски ќе коалицира и со Ахмети, ама ќе преговарал за условот премиер Албанец

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори со сите политички субјекти, по што ќе се види како ќе се одвиваат работите за формирање нова влада. Тој рече дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување.

Тој не го призна поразот и рече дека е подготвен да преговарам со сите политички фактори, меѓу кои и со ДУИ.

Дали ќе го прифати условот премиер – Албанец, претседателот на ВМРО ДПМНЕ одговори дека ќе преговара за условот, иако Али Ахмети, лидерот на ДУИ е категоричен по ова прашање.

-Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на ДУИ за премиер Албанец.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести