Моќни енергетски плочки

Тие се одлични за зголемување на енергијата и зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи се богати со антиоксиданси.

Состојки

100 г мелени бадеми

100 г мелени ленени семки

100 г семки од сончоглед

100 г семки од тиква

2 лажички семки од чиа

90 мл сируп од агава

60 мл кокосово масло

75 г путер од кикирики

½ лажичка морска сол

Подготовка

Префрлете ги сите суви состојки во сад. Ставете ги сите други состојки во тенџере и на тивок оган, мешајќи постојано, оставете ги да се стопат и добро да се соединат. Потоа прелијте ја течната смеса врз состојките во садот. Добро измешајте, а потоа префрлете ја во четириаголен сад, во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Рамномерно распоредете ја смесата со притискање, а потоа ставете ја во фрижидер еден час да се стврдне. После тоа, исечете ја по должина на правилни парчиња и ќе добиете енергетски плочки.

Најчитани вести