Moмент на вистината – пишува Си Ен Ен коментирајќи го почетокот на седницата за отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, постапка иницирана поради нередите од минатата недела кога приврзаници на претседателот упаднаа во зградата на Капитол Хил.
Покрај Демократите од САД, се очекува отповикувањето да го поддржат и неколку Републиканци.
Oва е вторпат во мандатот на Трамп да има ваква седница за негово отповикување. Кој крајот на 2019 и почетокот на 2020 година се бараше отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, заради тврдење дека го прекршил законот со привремено суспендирање на исплатата на воената помош за Украина, што веќе ја одобрил Конгресот, притоа вршејќи притисок врз Киев заради политичка корист.
Досега само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати до крај. Ричард Никсон си поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент.
]]>


