Моника Левински, која стана светски позната по љубовната афера со поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, блесна на традиционалната забава на „Венити фер“ по свечената церемонија на доделувањето на Оскар. Моника сега е еден од уредниците на списанието „Венити фер“, за кое во јуни 2014 година напиша голема исповед за својата афера со Бил Клинтон. Имено, во 1998 година откриено е дека тогашниот претседател Клинтон имал афера со приправничката во Белата куќа. Тој најпрво ги негираше тие наводи, но подоцна призна дека ја изневерувал својата сопруга Хилари со Моника.

Во моментот Бил Клинтон ја поддржува сопругата Хилари во нејзината трка за претседател на САД.
Моника има 42 години и одамна го надминала секс-скандалот и успеала пак да ја покрене својата кариера. А и изгледа подобро од кога и да е.


