Можете ли воопшто да претпоставите колку е длабок Атлантикот? Ова морничаво видео покажува само дел

Сите светски медиуми и социјални мрежи веќе со денови објавуваат за исчезнатата подморница и петте патници кои сакаа да го видат потонатиот брод Титаник. Општо познато е дека „Титаник“ лежи на дното на Атлантикот веќе 111 години, на длабочина од 3.800 метри под површината.

Но, можете ли да замислите колку тоа е длабоко?

Дури и 100 метри под површината звушат подеднакво морничаво како и 3800 метри под површината.

Погледнете го видеото што ја покажува длабочината на Атлантикот споредено со некои од најпознатите градби во светот, како што се Ајфеловата кула и Бурџ Калифа.

Видеото е прегледано 1,6 милиони пати.

Со цел подобро да го претстави ужасот на длабочината од 3.800 метри под површината, авторот во својата анимација ги вклучил и просечните длабочини на светски познатите мориња и езера. Додека ја гледате оваа анимација, просечната длабочина на, на пример, Азовското или Жолтото Море изгледа како мало езеро во споредба со длабочината на Атлантикот каде што лежи Титаник.

Како што видеото напредува, сцените стануваат се пострашни, иако се работи за анимација. Приказот на Статуата на слободата висока 93 метри со постаментот изгледа како минијатурна фигура ако биде поставена на местото на потонатиот брод Титаник.

Најчитани вести