Сите сме се нашле вo ситуација кога некоја од нашите порачки или некој друг вид на услуга не биле извршени.
Така еден човек не го добил порачаниот парфем, а кога се обратил до секторот за поддршка на клиенти, тие уште повеќе го изнервирале. Како што стои на фотографијата објавена на социјалните мрежи, тие му барале фотографија или видео како доказ дека не го добил парфемот што го порачал.
Сепак, како што пишува „Лајк.хр“, тој одговорил на нивното бесмислено барање и им испратил фотографија, а нивната преписка стана хит на социјалните мрежи!
Иако цел Балкан се смее кога ќе ја види оваа фотографија, сепак човекот си е во право. Како што може да се види на фотографијата, тој навистина не го добил парфемот.
]]>


