Суперфиналистот и за многумина, фаворит за победник на шоуто „X Factor“, Даниел Кајмаковски изјави дека не очекува премногу кога станува збор за овој натпревар, иако во ова вложил сè што има. Покрај тоа, како што кажа самиот, и покрај популарноста не е променет, но не може да поверува колку многу девојки полудуваат по него.
Македонецот кој сонува да ја достигне славата на Тоше, несомнено ја одбележа првата сезона на ова популарно шоу и вели дека има многу понуди за секс од припадничките на понежниот пол.
Тој порачува дека тоа не е воопшто романтично.
-Овие предлози не се убави, бидејќи ние не сме животни! Тие не ме познаваат, па како можете да ми нудат такви работи ? Девојките треба да имаат малку гордост во себе. За жал, не сум заљубен, бидејќи многу бирам. Но, дефинитивно доаѓам да живеам во Белград, па има време, изјавил младиот 29 годишен натрпеварувач за српски медиум.
]]>


