Мурињо: Пандев, мајсторе, ич „Курир“ да не те боли за „Сител“

Стотици пораки за поддршка стигнуваат од целата македонска јавност за капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и играч на Наполи Горан Пандев, кој се најде на удар на владината медиумска хунта по одлуката да не учествува веќе во срамот наречен „македонски фудбал“. На најдобриот стрелец на Македонија на сите времиња веројатно особено му е драга поддршката од Жозе Мурињо, неговиот поранешен тренер во Интер. Мурињо вчера му испратил СМС со следнава содржина: „Пандев, мајсторе, ич `Курир` да не те боли за `Сител`. Тие се најобичен медиумски гнилеж, хајката против тебе е нарачана.“

Pandev-Murinjo

Инаку, хунтата на чело со „Курир“ и „Сител“ оцени дека „хероите се познаваат кога е најтешко, а Пандев не бил тоа“. Овие медиуми и ним блиските не се тревожеа многу кога пукна срамот за фалсификуваното гласање на Пандев, кога гласот за најдобар тренер даден за Мурињо на чуден начин заврши кај селекторот на Шпанија Дел Боске.  ФФМ ја презеде одговорноста за „грешката“, но никој не понесе одговорност, ниту пак медиумските послушници поведоа хајка, а Пандев сепак им ја прости бламажата и продолжи да игра за Македонија. Тогаш беше херој. Сега веќе не е.

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести