МЗТ Скопје Аеродром гостува во Задар

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Задар го игра натпреварот од 8.коло од АБА лигата. По триумфот против Крка во претходното коло „металците“ ја прекинаа серијата од три порази по ред во ова натпреварување. Дуелот со Задар ќе има и посебно значење бидејќи капитенот на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски неколку сезони успешно го носеше дресот на хрватската екипа. Според најавите од таборот на тимот од Аеродром поради повреда дуелот ќе го пропушти плејмејкерот Никола Оташевиќ. Лани на натпреварот во Задар, македонскиот шампион победи со 76:68.

Покрај натпреварот Задар – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 17 часот), денеска играат уште: Игокеа – Шолнок, Будуќност – Унион Олимпија и Крка – Цибона. Утре на програма се дуелите: Цедевита – Раднички и Мега Визура – Широки, додека дербито на колото меѓу Партизан и Црвена Звезда се игра во понеделник.

Табела: Партизан 6-1 (победи-порази), Ц.Звезда 5-2, Будуќност 5-2, Цедевита 5-2, Цибона 4-3, Игокеа 4-3, МЗТ Скопје Аеродром 3-4, Раднички 3-4, Мега Визура 3-4, Крка 3-4, Шолнок 3-4, Задар 2-5, Широки 2-5, У.Олимпија 1-6.

Најчитани вести