Продаден најскапиот стан: Ѕирнете во луксузот и раскошот на трикатната рајска резиденција

Има ли поголем комплимент за нешто на оваа планета од тоа да се биде најдобар или најскап во Дубаи? Очигледно не! Доволно признание е фактот што стан во Булгари го собори рекордoт на најскап имот во Дубаи за неверојатни 112 милиони долари.

Фирмата за аналитика на недвижности во Дубаи „Проперти монитор“ објави дека станот е дел од луксузна зграда висока 27 ката. Трикатната небесна резиденција има седум спални соби, приватна работна соба, семејна соба, теретана, спа центар, тераса од 1.300 квадратни метри и специјален пристап со лифт.

Главниот детал на пентхаусот „Bulgari Lighthouse“ се секако луксузните материјали и деталите направени по нарачка, кои се врвен симбол на луксуз и ексклузивност. Спратовите на раскошната резиденција се одделени со хоризонтални слоеви на архитектонски корали кои ја филтрираат светлината и воздухот.

Лоциран на островот „Jumeirah Bay“, „Bulgari Lighthouse Dubai“ е една од најубавите згради во ОАЕ. Најскапиот продаден стан во Дубаи досега чинеше 44,5 милиони долари и се наоѓа во делот Атлантис на „The Royal Palm Jumeirah“.

Најчитани вести