На ГП Долно Блаце уапсен 34 годишен Албанец баран со потерница

На 20.03.2025 на Граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“.

Од Основен суд Скопје му е одреден 30 – дневен екстрадиционен притвор, по што е пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести