На распит осомничените во случајот „ТНТ“ за рушењето на „Космос“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да биде извршен распит на четворица осомничени во случајот „ТНТ“ на СЈО, за рушење на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

 

Последно осомничените се појавија пред судот минатиот вторник, но тогаш давањето исказ беше одложено бидејќи нивните адвокати побараа  дополнително време за завршување на увидот во предметот и во доказите.

Екс-премиерот Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајановски, се осомнични во случајот како иницијатори за незаконитото рушење, но тие беа аболицирани од претседателот Иванов, и сега првоосомничена е градежната инспекторка која незаконски донела решенија за рушење, комисијата во министерството за Транспорт и врски која незаконски спровела постапка и управителите на фирмите кои го вршеле рушењето со динамит без дозвола за тоа.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести