На територија на СВР Битола викендов санкционирани 315 возачи

Вкупно 315 возачи се санкционирани во контролите во областа на сообраќајот што викендов ги спроведе Секторот за внатрешни работи Битола на територија на СВР Битола.

Како што информира МВР, при контролите се изречени 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол,…

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Најчитани вести