Подигањето на гласот на студентите и формирањето на автономна зона на Универзитетот, според мое мислење ќе има многу подолгорочни последици од оние поврзани со високото образование и поставеноста на Универзитетот во општетсвото.
Очекувам дека младите луѓе кои се решија да се спротистават на диктаторската власт, во иднина во многу поголем број случаи ќе се спротистават на било кој облик на корупција, ќе се спротистават на сопствената и дискриминацијата на другите, ќе застанат во одбрана на сопствените и правата и слободите на другите, ќе се спротистават на мобинг и насилство,ќе застанат во одбрана на ранливите и маргинализираните.
Кога еднаш ќе ја кренеш главата добиваш сосема друга перспектива на животот и многу потешко е да те натераат да ја наведнеш и да се претвориш во нечиј послушник
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска


