Најдено тело на 20 годишната девојка по која се трагаше во водите на Вардар

Безживотно тело на 20 годишна девојка утрово е најдено во близина на селото Старо Чајле по три часовната потрага. Најверојатно се работи за девојката која синоќа пред полноќ беше пријавена дека била понесена од водите на Вардар кај Гостивар.


Полициски службеници, пожарникари и граѓани синоќа започнаа потрага по две лица кои исчезнале во водите на Вардар кај Гостивар. Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести