Во нашата народна медицина постојат различни напитоци кои позитивно делуваат на организмот. Еден од најпознатите е водата со суво грозје. Напитокот од суво грозје може брзо да стане навика бидејќи за само неколку дена ќе забележите промени во вашето тело.
Го чисти црниот дроб и го подобрува варењето.
Помага во исфрлањето на штетните материи од организмот и го чисти црниот дроб, го подобрува варењето, ја намалува стомачната киселина, го забрзува слабеењето и дава енергија.
Потребни ви се 400 мл вода и 150 грама суво грозје. Ако е можно, изберете потемно суво грозје бидејќи е природно, пишува Крстарица.
Како се подготвува?
Оставете ја водата да зоврие, па додајте го сувото грозје што претходно добро сте го измиле. Варете 20 минути. Процедете и пијте.
Можете и да јадете суво грозје.
Доколку сакате посилен ефект, оставете го сувото грозје во вода на исклучен шпорет преку ноќ. Наутро, процедете ја водата и загрејте ја пред да ја испиете. Овој пијалок се пие еднаш месечно 4 дена. Течноста се пие одеднаш, секогаш на празен стомак барем половина час пред појадок.


