Кремастата салата од печени пиперки е сè почеста на маса за слава, па се чини дека ги симнува од трон мимоза и руската салата. Салатата од печени пиперки се подготвува за 10 минути и се служи ладна.
Состојки:
5 или 7 печени црвени пиперки
чаша павлака
100 г мајонез
200 г рендано сирење
200 г печеница или шунка
лук по желба и сол

Подготовка:
Исечкајте ја печената пиперка и отстранете ги семките. Ставете ги исецканите пиперки во сад, потоа додадете ја павлаката, потоа мајонезот, шунката/печеницата и сирењето. Добро измешајте сè, додадете сол и лук и оставете да се олади 3 часа.


