Најдобриот филм на сите времиња Пеперутка“ (Papillon) има неверојатна приказна

Помина половина век од прикажувањето на филмот „Пеперутка“ (Papillon), а тој сè уште е еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Човекот чија неверојатна приказна се преточи во филм, Анри Шариер, не успеа да види каков е филмот, почина истата година, неколку месеци пред финалнара екранизација на неговата книга.

Ова е омилениот филм на Стив Меквин во целата негова кариера. Дастин Хофман исто така беше брилијантен. Стив инсистираше да го направи трикот со скокање од карпата. Сите биле изненадени, свесни за опасноста, но му дозволиле да скокне од толку огромна висина. На крајот, тој рекол дека тоа е „едно од највозбудливите искуства во неговиот живот“.

За време на снимањето на филмот, снемало пари, па Меквин изјавил дека доколку не се платат сите актери, тој нема да продолжи со снимањето. Сепак некако успеале да ги соберат парите и да го создадат ова ремек дело.

Кога снимале на Јамајка Хофман го запознал Пол Макартни, во тој момент починал Пабло Пикасо и го замолил да напише песна за неговите последни зборови, која ја нарекол „Последните зборови на Пикасо“. Додека се одвивало снимањето на Јамајка, Шариер бил сè уште жив и присуствувал на снимањето.

Хофман својот лик го базираше на ликот на филмскиот сценарист Далтон Трамбо, кој пред неколку години го играше Брајан Кренстон во филмот „Трамбо“. Меквин и Хофман имаа проблеми, Стив бил тежок за работа, а на Дастин не му се допаѓало тоа што тој постојано нешто негодувал.

Сепак, на крајот изградиле добар пријателски однос и резултатот е очигледен.

Најчитани вести