Најмалото дете пронајдено во Брчко имало само шест месеци, десет деца биле на возраст до две години

Најмалото дете пронајдено во куќата во Брчко има шест месеци, најстарото 12 години, а десет деца се на возраст до две години, соопшти денеска полицијата на Брчко.

Во Брчко денеска се одржа состанок на тема соодветна и безбедна грижа за 31 дете во наредниот период.

„Имајќи го предвид најдобриот интерес на детето и чувствителноста на истрагата, за чие спроведување е потребен одреден временски период, за да се обезбеди најадекватна медицинска, психолошка и секаква друга неопходна стручна помош, се дефинирани активностите на Црвениот крст, Пододделението за социјална заштита, како и психолозите од полицијата на Брчко, се наведува во соопштението, пренесува Танјуг.

Посочена е и важноста од информирање на јавноста до степен до кој нема штета на истрагата и на интересите на детето, се додава, пишува Политика.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести