„Најмногу ми недостига мајка ми, па сармата! Анастасија Гудељ за животот во Севилја: „Принудена сум да зборувам шпански“

Анастасија Ражнатовиќ синоќа се појави на финалето на „Ѕвездите на Гранд“ со цел да ја поддржи мајка си и нејзините кандидати.

За првото место се бореа вкупно 20 натпреварувачки, а по три пресеци убедлива победа извојува натпреварувачката на Цеца, Шејла Зониќ.

Анастасија во оваа прилика и честита на победничката за успехот, пишува Информер.

– Многу сме среќни, јас сум многу среќна за мајка ми. Шејла Зониќ е одлична – рече Анастасија и додаде дали би снимила дует со неа:

– Па, во моментов не снимам ништо, но ништо не е исклучено.

Ми недостига моето семејство во Шпанија

Неодамна Анастасија и Немања Гудељ направија граѓанска венчавка во вилата на Дедиње, а сега ќерката на Цеца откри дали нешто се променило од тогаш.

-Таа хартија не менува ништо, така ни е и пред и откако го потпишавме листот. Животот во Шпанија е совршен, главно ми недостига семејството. Ќе бидам тука за роденденот на мајка ми, но веќе утредента патувам. Не ми е тешко да живеам со куфери, сега сум повеќе во Шпанија, но навистина сакам да дојдам да си го видам семејството.

Анастасија притоа откри како се справува со шпанскиот јазик.

– Во Севилја бев принудена да зборувам на шпански бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да учам, претходно имав предзнаења од теленовели – вели Анастасија и додава дека во Шпанија најмногу и недостига нејзината мајка, но и српската кујна.

– Најмногу ми недостига мајка ми, ние две сме многу блиски. Ние сме како најдобри пријателки и се што ми се случува јас прво нејзе и кажувам. Нон-стоп сме на видео повик. Ми недостигаат и сармите, тетин ми Цоле секогаш ме изненадува кога доаѓам и ми прави сарма.

Најчитани вести