Драмското студио Тетово во континуитет ја ја продолжува 120 годишната традиција на театарското живеење во Тетово, која започнала во 1896 година со првата претстава на народен македонски јазик. Најнова претстава на Драмското студио Тетово е комедијата „Европјани“ од Мирољуб Недовиќ. Предпремиерата е закажана на 22 април 2017 година (сабота) во Центарот за култура “Иљо Антески-Смок“ Тетово.
Премиерата ќе се одржи на 24 април 2017 година (понеделник) на големата сцена на Драмски театар Скопје. Режија Мирко Видоески. Улогите ги толкуваат Гордана Георгиадис, Глигорије Стојановски, Игор Бачоски и Мирко Видоески. Почеток во 20,00 часот.
Влезниците може да се купат на билетарницата на Драмски театар или on-line на www.dramskiteatar.com.mk
За комедијата „Европјани“
Нушиќевско разголување и пресликување на актуелната политичка и општествена состојба во Србија, која воопшто не се разликува од онаа во Македонија (која Мирко Видоески и Игор Бачоски успеале сосема успешно да ја адаптираат на реалноста и сегашната состојба во Македонија) и исмејување на балканскиот (македонскиот) менталитет преку драма, хумор, сатира, смеа и солзи, сето тоа успеал мајсторски да го вклопи современиот српски драмски автор, режисер и актер Мирољуб Недовиќ во неговата современа фарса „Европјани“.
Оваа современа, општествено-политички и социјално актуелна и динамична претстава љубителите на театарот во Македонија ќе имаат можност да ја видат во изведба на Драмското студио Тетово.


