На аукција во Шкотска минатата недела овцата Дабл Дајмонд била продадена за рекордни 490 000 американски долари, цена што ја прави најскапа овца во светот досега.
Овцaта предизвикала возбуда на аукцијата за тексел овци, во шкотскиот град Ланарк и е многу ценета раса на овци со потекло од Холандија, пишува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на соопштението на Овчарското друштво Тексел.
Првично биле понудени околу 13 илјади долари, но на крајот, три фарми се согласиле да го поделат вредното јагне меѓу себе.
„Тоа е како и секоја друга работа – трки со коњи или работа со добиток“, изјавил за „Гардијан“ Џеф Ајкен, еден од новите сопственици на овцата.
Овцата Дабл Дајмонд го сруши претходниот рекорд поставен во 2009 година, кога друга овца беше продадена за нешто повеќе од 307.000 долари.
]]>


