Едно лице почина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.30 часот во кумановско Доброшане, соопшти МВР.
Педесет и петгодишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени. Aвтомобилот во кој се возеле се движел на магистралниот пат Свети Николе-Куманово и од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.
Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во Клинички центар во Скопје, додека помладиот брат, 38-годишниот Н.Д., се здобил со телесни повреди.
По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.


