Напад од Израел: Зграда во Бејрут исчезна за миг

На 22 октомври, израелската армија урна зграда во предградиe на Бејрут, за која тврди дека е е локација каде се кријат војници на Хезболах.

Воздушниот напад дојде многу брзо откако Израел издаде предупредување за евакуација на две згради во областа.

Очевидци велат дека биле свесни за опасноста, но не можеле да замислат дека цела зграда ќе им биде уништена за дел од секундата.

Портпаролот на Хезболах, Мохамед Афиф, претходно ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало врз куќата на Нетанјаху на 19 октомври.

Хезболах, исто така, на 22 октомври објави дека извршил напад со дронови врз воена база јужно од крајбрежниот град Хаифа, тврдејќи дека погодил седум тенкови на границата.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести