Напад со нож во Тетово: Група непознати нападнале младо момче

Дваесет и едногодишниот Б.С. од село Желино, тетовско вчера бил физички нападнат од група непознати лица, извести полицијата.

Нападот се случил околу 19,30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, а еден од непознатите го прободел со нож во пределот на стомакот.

Повредениот, поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника