На гала вечер во Малме, по повод избор на спортист на Шведска, нашата позната фудбалерка Наташа Андонова беше прогласена за најдобра странска фудбалерка.
Наташа за 3 месеци колку што игра во фудбалскиот клуб Розенгард покажала извонредна форма. На 12 натпревари постигнала 13 погодоци. Ѕвезда е во нејзиниот клуб и замена за Рамона и Ања Митак кои си заминаа од клубот. Со бразилската ѕвезда Марта одлично се вклопија и постигнуваат одлични резултати.
На гала вечерта, Наташа доби аплауз од светската јавност и честитки од многубројни фудбалски ѕвезди, меѓу кои Португалецот Луис Фиго.





