Научниците шокирани од звуците од Марс: Koга го слушнав тоа, мислев дека е грешка

Се вели дека ако врескате во вселената никој нема да ве слушне. Но, на Марс, како што тврдат француските научници, вашиот глас ќе се слушне побрзо, отколку на Земјата. Имено, научниците откриле дека на Марс има две брзини на звук, при што повисоките тонови стигнуваат до целта нешто побрзо од пониските тонови. Овој феномен е корисен за викање по помош, но непријатен за разговор или уживање во музика. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Nature“.

Овој феномен е предизвикан од студената, тенка атмосфера на јаглерод диоксид на Црвената планета. На Земјата, на пример, звукот патува со брзина од 340 метри во секунда (m / s), додека на Марс е околу 100 m / s побавен бидејќи има помалку судири на молекули во средина со низок притисок, поради што звуците не можат да се шират многу брзо.

Малите, цврсти молекули на јаглерод диоксид исто така реагираат различно на звучните бранови отколку атмосферските молекули на кислород и азот на Земјата. Кога звуците ќе достигнат фреквенција од 240 Hz (што е приближно средната нота C на пијаното), вибрирачките молекули на јаглерод диоксид немаат време да се опуштат или да се вратат во првобитната состојба, па звуците се шират полесно и побрзо. Тоа значи дека звуците под срединото C се движат со брзина од 240 m/s, а оние над него со брзина над 250 m/s.

„На Марс нема само една брзина на звукот, туку две. Слушањето концерт на Марс би било особено бизарно искуство – не само што високите тонови би биле многу пригушени, туку и би пристигнале пред ниските тонови, правејќи ја музиката да изгледа прилично неурамнотежена и некоординирана. Има само една брзина на звукот на Земјата во близина на површината. Би требало да одиме докрај до стратосферата, каде што воздухот е многу поредок, за сведочиме на ваков сличен феномен, но дури и тогаш фреквенцијата на која би го набљудувале ова поместување би била ултразвучна, а не чујна, објасни д-р Наоми Мардок од францускиот универзитет во Тулуз.

Откритието дојде по анализа на речиси пет часа на снимката од најнапредниот вселенски брод на НАСА, роверот „Perseverance“, кој слета на Марс во февруари 2021 година. Претходните мисии на Марс не успеаја да снимаат звук.

Научниците очекуваа звуците на Марс да бидат пригушени од тенката атмосфера, но беа изненадени кога открија дека високите звуци се движат побрзо.

-Малку ме фати паника. Отпрвин помислив дека едно од двете мерења е погрешно бидејќи имате само една брзина на звукот на Земјата – изјави за АФП др. Силвестр Морис од Универзитетот во Тулуз.

Францускиот Национален центар за научни истражувања во соопштението рече дека „сите овие фактори би го отежнале разговорот на двајца луѓе на растојание од само пет метри“.

https://www.youtube.com/watch?v=lX5iVyfF3N0&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести