Новак, како што пишуваат српските медиуми, за време на Олимпијадата, Новак бил сместен во луксузна вила на периферијата на Париз, која ја изнајмил за свои потреби.
Друштво му правеле сопругата Јелена и децата Стефан и Тара.
Семејството Ѓоковиќ на услуга имало 24-часовно обезбедување, кое им го обезбедувало неопходниот мир и приватност. Во склоп на вилата имало и тениски терени, на кои олимпискиот шампион напорно тренирал со својот тим, пишува српски Блиц.
Инаку, Новак на конференцијата објасни зошто донел одлука да не престојува во селото.

– Една од причините е затоа што сакав да имам поголема приватност и мир, да се фокусирам на мојата рутина и подготовките за турнир, кој е најголем приоритет. Искуството од учество на Олимписки игри, а најубав дел е селото… Таму расте возбудата затоа што ја чувствувате енергијата, шармот и важноста на Игрите. Над 10.000 најдобри спортисти во светот, во мензата си до нив и низ социјален момент разменуваш искуства, доживувања и пристап. Учиш некои работи – рече тој.
Тој истакна дека сепак почувствувал дека најдобро му е да се изолира од толпата.
– Ќе го посетам Олимпиското село, ама нема да престојувам. Бев во Токио неколку ноќи, но престојував на друго место, чувствувам дека е подобро за мене и за моите подготовки – изјави тогаш олимпискиот шампион.


