Не ја гледаме често: Погледнете како изгледа сестрата на Лепа Брена

Популарната пејачка Лепа Брена веќе зачекорува во 7-мата деценија од животот и се уште изгледа многу убаво, дотерано, а на линијата може да ѝ позавидат и многу помладите колешки.

Нејзиниот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но овој пат на јавно место се појави со нејзината сестра Факета Јахиќ. Лепа Брена ја однесе својата сестра на премиерата на претставата „Проект Лепа Брена“, а главната улога ја толкува Јасна Ѓуричиќ.

„Откако знам за себе си, мајка ни прекрасно пееше. Факета започна да пее пред мене, потоа брат ми Фарук, а потоа и јас под влијание на професорката по музичко образование Радмила Ќоровиќ. Пораснавме слушајќи музика од фестивали како Илиџа, фестивал Опатија, Белградска пролет, изјави претходно Брена за „Story.rs“.

Најчитани вести