Не се знае што е почудно: Тоа што забременила на 61 година или тоа што момчето може да ѝ биде внук

Една жена на 61 годишна возраст тврди дека е бремена. Во бизарното видео што кружи на социјалните мрежи не се знае што е почудно: тоа што тврди дека е бремена или тоа што ја бакнува млад човек кој би можел да ѝ биде внук.

Таа и момчето направиле прослава за да го откријат полот на бебето. Баба Силвија позираше во розов фустан, а зад неа на ѕидот имаше украс во сина и розова боја, а додека избраникот ја бакнува таа го покажува позитивниот тест.

Двајцата позираат и со бебешки чевли, а младиот човек во еден момент го бакнува нејзиниот труднички стомак.

Не е посочено од каде е ваа, во најмала рака, необична двојка, ниту како се викаат актерите на видеото, но корисниците на социјалните мрежи во коментарите постојано го изразуваат чудењето од нивната приказна.

„Дали е милијардерка:“, „Дали ова е шега:“, „Без коментар“, „Како во хорор филм“, коментираат корисниците на Инстаграм ширум светот.

Најчитани вести